Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека актуелните настани во Украина довеле до долгорочно уништување на европскиот безбедносен поредок.
„За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои. Единствената причина за тоа е она што сега се случува во Украина. И не сите сакаат да ја слушнат мојата прогноза за блиска иднина“, рече тој за „Радио рбб“, а пренесува ТАСС.
Според германскиот претседател, дури и крај на конфликтот во Украина нема да значи враќање на старата безбедносна филозофија.
„Ќе се појави нова ситуација во која Европа, од една страна, и Русија, од друга страна, првенствено ќе се бранат една од друга“, истакна Штајнмаер.
Претседателот посочи и дека филозофијата за заедничка безбедност долгорочно ќе престане да биде заеднички концепт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.