Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека во голема мера погрешно ја претставил ситуацијата во Украина, велејќи дека лидерот на Кремљ раскажал „апсурдна приказна“ за избувнувањето на конфликтот за време на интервјуто со Такер Карлсон.

За време на вчерашната посета на Вашингтон, Шолц се осврна на неодамнешното интервју на Путин со поранешниот водител на Фокс, тврдејќи дека тој само „се потсмева со вистинските дејствија што Русија ги направи во Украина“ и претстави „целосно апсурдна приказна за причината“ за оваа војна.

– Постои многу јасна причина, а тоа е желбата на претседателот на Русија да анектира дел од Украина. И сите приказни што се раскажуваат за тоа не го менуваат фактот дека токму тоа е целта на неговите империјалистички напори, додаде канцеларот.

Шолц посочи дека борбите можат „да завршат во секое време“, но не со „капитулација на Украина“ и дека мора што поскоро да се создадат „услови за мирно решение“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.