Пред пленарната сесија на КОП28, Светската конференција за климата во Дубаи, германскиот канцелар Олаф Шолц повика на глобално постепено укинување на јагленот, нафтата и гасот.
Сега сите мораме да покажеме цврста решеност за излез од фосилните горива – пред сè јагленот. На оваа климатска конференција треба да се обврземе”. Шолц истакна дека сè уште е можно емисиите на стакленички гасови, штетни за климата, да се намалат оваа деценија до таков степен што ќе биде исполнета целта од 1,5 степени договорена во Париз во 2015 година. „Науката многу јасно ни порачува: мораме да побрзаме – и покрај сите геополитички тензии“, рече тој, мислејќи на војните во Појасот Газа и Украина, кои се исто така голема тема на конференцијата за климата.
Целиот текс на Дојче веле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.