Германскиот канцелар Олаф Шолц го повикал Конгресот на САД во Вашингтон да ја деблокира финансиската помош за Украина.
„Би било добро ако помошта беше овозможена многу брзо, бидејќи без придонесот на САД, ситуацијата во Украина би била многу, многу комплицирана“, изјавил Шолц пред новинарите пред средбата во Белата куќа со претседателот Џо Бајден.
Шолц ја нагласил итноста за зголемување на воената помош за Украина, во услови на конфликт околу гласањето за новиот пакет помош за Украина во Конгресот.
„На Украина ѝ е потребна сета наша поддршка за да може да се одбрани од руската агресија“, кажал Шолц.
Посетата на Шолц, негова трета откако ја презеде функцијата во декември 2021 година, доаѓа во време кога Бајден води кампања за втор претседателски мандат, а Конгресот со месеци преговараше за текст кој вклучува речиси 60 милијарди долари воена помош за Украина.
Деблокирањето на помошта е неизвесно бидејќи некои претставници на Конгресот блиски до поранешниот републикански претседател Доналд Трамп одбиваат да ја одобрат помошта.
Европската унија неодамна објави дека ќе ја деблокира помошта од педесет милијарди евра за помош на Украина до 2027 година.
Според некои германски извори, Шолц и Бајден ќе разговараат и за стравувањата од разгорување на конфликтот на Блискиот исток по четиримесечната војна меѓу Израел и Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.