Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа.
Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години.
Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово.
– Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот.
Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.
– Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас, предупреди министерот.
Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.
– Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг.
Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.