Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.

ЕУ не смее да потпадне под геостратешкиот „тунелен поглед“. Ние имаме одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, кои се кандидати веќе неколку години – објасни Шаленберг.

Александар Шаленберг истакна дека сега мора да биде јасно дека процесот на проширување е од посебно значење, пренесе Танјуг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.