Северна Кореја тестираше балистичка ракета која падна во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, соопшти војската на Јужна Кореја, само неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул да отпатува во Токио на средба со јапонскиот врв.

За време на заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, кои Северна Кореја ги осуди како непријателски активности, Пјонгјанг спроведува речиси секојдневни тестови на своите балистички ракети, наведува „Ројтерс“.

Во соопштението на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја се наведува дека Северна Кореја лансирала најмалку еден непознат тип на балистичка ракета од локација на нејзиниот источен брег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.