Северна Кореја лансираше нова ракета која прелета над Јапонија во правец на Тихиот Океан, соопшти јапонската влада, но подоцна ја корегираа изјавата.
Проектилот ја прелета државата околу 7:48 часот (22:48 часот по Гринич на 2 ноември), соопшти кабинетот на јапонскиот премиер на Твитер. Јапонската телевизија емитуваше специјални пораки во кои ги повикуваше жителите на одредени области да бараат засолниште или да останат во своите домови.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека не е познато дали проектилот бил со среден или голем дострел, повикувајќи се на информации од јужнокорејската војска.
-Ракетата што денеска ја лансираше Северна Кореја не прелета над Јапонија и покрај специјалните предупредувања издадени до жителите на делови од северниот дел на јапонските острови, изјави министерот за одбрана на Јапонија, Јасуказу Хамада.
-Ракетата беше откриена дека има потенцијал да прелета над јапонскиот архипелаг и беше издадено (специјално) предупредување, но по проверката на оваа информација потврдивме дека проектилот не поминал над архипелагот, туку исчезнал над Јапонското Море, објасни министерот за медиумите.
Северна Кореја денеска лансираше три балистички ракети, од кои едната беше ракета со голем дострел. Според информациите на јужнокорејската војска, другите два проектила биле со краток дострел. Жителите на областите Ниигата, Јамагата и Мијаги беа предупредени да бараат засолниште или да останат во затворени простории, а брзиот воз Шинкансен накратко ја прекина работата.
„Новите лансирање на проектили е безобразие и не може да се толерира“, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.
Се верува дека Северна Кореја се обидела да лансира интерконтинентална балистичка ракета за да ги демонстрира своите воени способности, но лансирањето било неуспешно, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.