Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по воената акција во Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е во службен весник на ЕУ.

Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.

Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.

Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.