Француските власти денеска соопштија дека поднеле обвиненија против седум лица за кибер-насилство насочено кон режисерот Тома Жоли, уметнички директор на церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри во Париз.
Жоли стана цел на омраза преку интернет по шоуто за отворањето на Олимписките игри во јули, кое вклучуваше ЛГБТ изведувачи и наиде на контроверзи. На 31 јули тој поднесе тужба.
Париското обвинителство, кое започна истрага, денеска соопшти дека ова се само првите приведени и дека се очекуваат дополнителни апсења. Обвинетите, на возраст од 22 до 79 години, се соочуваат со обвиненија за закани, клевети и кибер-насилство, и им се заканува затворска казна и високи парични глоби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.