Практично е во тек нова светска војна „секако во Украина и сајбер просторот“, објави познатиот економист Нуриел Рубини, кој се прослави со предвидувањето на финансиската криза од 2008-2009 година.

Нова светска војна практично е во тек -убеден е економистот.

Нуриел Рубини стана познат по предвидувањето на финансиската криза од 2008-2009 година, а Вол Стрит го нарече „Доктор пропаст“.

Читам дека администрацијата на Бајден очекува Кина да го нападне Тајван“, рече економистот, резимирајќи дека „Третата светска војна веќе започна.Ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг во голема мера ја подгрева тензијата, Трговија, финансии, технологија, Интернет: сè ќе се подели на два дела“, предвидува економистот.

(фото: iStock)

Тој наведе интересен пример за 5 Г мрежата.

„Го прашав претседателот на една африканска земја зошто добива 5G технологија од Кина, а не од Запад“. Ми рече, ние сме мала држава, па и онака некој ќе не шпионира. Тогаш би можел да земам и кинеска технологија, поевтино е“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.