Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава.

Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.

Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.

На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.

Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот.

Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од страна на германскиот весник Билд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.