Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека се загрижени за односите на Унгарија со Русија и ја сметаат за „проблематична“ одлуката на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Одлуката на Орбан да се сретне со Путин е проблематична, соопшти американската амбасада во Будимпешта.

Орбан имаше билатерална средба со Путин на маргините на форумот „Појас и пат“ што се одржа оваа недела во Пекинг.

Тие тогаш се сретнаа за првпат откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, потсетува „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.