Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети на Украина дека американската поддршка ќе продолжи и зимава. Блинкен имаше средба со Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во сите наши разговори со украинската влада нагласивме дека ќе продолжиме да стоиме на нивна страна“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Блинкен разговараше со Јермак за мерките што може да се преземат заедно со Украина за зајакнување на нејзината инфраструктура во пресрет на зимата. Се разбира, минатата зима дознавме дека Русија се обидува да уништи енергетски локации во Украина. Тие би можеле да се обидат да го сторат тоа повторно“, рече Милер.
На социјалната мрежа X, Јермак напиша дека му се заблагодарува на Блинкен за американската поддршка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.