Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен да одобри понатамошни напади врз цели во Јемен доколку не престанат нападите на хутите врз бродовите во Црвеното Море, пишува 360 степени.

Во меѓувреме хутите соопштија дека нема да запрат со нападите на бродовите кои пловат кон Израел или се поврзани со него и порачаа дека САД и Велика Британија ќе платат висока цена за агресијата кон Јемен. Со осуда на нападите веднаш реагираше иранското Министерство за надворешни работи, од каде што, според Би-би-си, велат дека станува збор за јасно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен и на меѓународните закони

Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија извршија воздушни и ракетни напади на областите во Јемен кои се под контрола на Хутите, а со цел да ги запрат нападите на оваа милитантна религиозна група врз бродовите во Црвеното Море, соопштија Вашингтон и Лондон, пренесуваат светските медиуми.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.