Руските сили ја презедоа контролата врз селото Кирово во Доњецк, источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници, пренесуваат руските медиуми.

Руските сили, пренесуваат британските медиуми, остваруваат голема предност во регионот на Доњецк додека украинските војници се обидуваат да напредуваат во руската област Курск по прекуграничната офанзива која започна на 6 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.