Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го повика раководството на Руската Федерација да се сврти кон Истокот, пред сè кон истокот на Русија.
Патријархот ова го изјави на средбата со лидерот на Јакутија, Ајсен Николаев.
Тоа што се случува денеска во односите меѓу Русија и Западот треба многу да го научи нашето раководство, дипломатите и нашата интелигенција, уште еднаш да сигнализираат дека е потребно свртување кон Исток. Меѓутоа, источно од Москва има огромен пространство, но пред сè, тоа е територијата на нашата земја, рече патријархот Кирил, пренесен од руските медиуми.
Патрихархот нагласи дека Јакутија заслужува повеќе средства да се вложат во развојот на републиката.
Во прашање е големо богатство, а задачата не е да се уништат овие богатства, туку да се развие индустријата, инфраструктурата, културата и сето она од кое зависи квалитетот на животот на луѓето, рече рускиот патријарх Кирил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.