На социјалните мрежи е објавено видео од неверојатна случка од фронтот во Украина, во кој има директен судир меѓу руски војник и украински дрон.

На снимката се гледа како украински камиказе дрон полека лета кон рускиот борец, по што лебди на човечка висина пред да го нападне. Во тие моменти рускиот војник зазема став како да е боксерски ринг.

Борбата почнува кога беспилотното летало напаѓа, а војникот скока напред и го удира дронот со глава. Следува експлозија, а кога чадот се чисти, рускиот војник, кој го преживува судирот, мирно заминува во шумата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.