Портпарол на јужните одбранбени сили на украинската војска, Дмитро Плетенчук, изјави дека рускиот воен брод „Адмирал Левченко“ гори во Баренцовото Море, откако му се расипал моторот и се запалил.

Плетенчук на Фејсбук напиша дека бродот со неколку стотици членови на екипажот е во тешка ситуација.

Тој додаде дека дефектот на моторот настанал поради санкциите воведени од Западот, кои ја спречиле руската морнарица да ги сервисира моторите произведени во Николаев, Украина.

Во тој пристанишен град биле изградени и опслужувани многу руски воени бродови од советската ера, пишува Киев Индепендент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.