Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во градот Кремина во источниот дел на Украина, истакна шефот на воената цивилна управа во Луганск, Сергеј Хаидаи, јави Би Би Си.
Тој на платформата Телеграм напиша дека руските сили „цинично и намерно“ отвориле оган, при што загинале 56 луѓе. Хаидаи тврди дека 15-те преживеани биле „киднапирани од окупаторите“ пред да бидат однесени во „регионалниот дом за стари и изнемоштени лица“ во Сватово.
Би-Би-Си не успеа да ја потврди информацијата од независен извор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.