Како резултат на ракетен напад врз Одеса синоќа, според прелиминарните податоци, причинета е штета на трикатна зграда и повеќе од 10 приватни куќи, објави вршителот на должноста градоначалник на Одеса, Александар Филатов на официјалниот градски канал на Телеграм.

Според првичните информации, во моментов нема загинати или повредени. Спасувачките екипи од оперативните служби работат на терен.

Локалните власти ги повикуваат жителите на Одеса и регионот да се вратат во засолништата додека не стивне тревогата, која продолжува.

Одеса е еден од главните логистички центри за испорака на западно оружје во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.