Руски хакери успеале да дојдат до високо доверливи воени податоци од британската армија. „Дејли мирор“ објавува дека хакери од групата „LockBit“ ја нападнале базата на податоци на компанијата „Заун“, која обезбедува некои од од тајните објекти на Обеднетото Кралство.

Како резултат на инцидентот, протечени се информации за:

▪️ Поморска база Фаслане, каде се сместени нуклеарни подморници со балистички ракети од типот „Авангард“

▪️ Лаборатории за хемиско оружје во Портон Даун

▪️ Воена електронска разузнавачка единица во Буде

▪️ Воздухопловната база Вадингтон

▪️ 14. комуникациски полк, кој е специјализиран за електронско војување

▪️ Некои затвори

Треба подобро да се заштитиме од мешањето поддржано од Русија, кое е јасно поврзано со нашиот став за војната во Украина. Конечно, ова е уште еден пример за тоа како вооружениот конфликт повеќе не е ограничен на борба на бојното поле, туку сега го вклучува дигиталното царство и поставува повисоки барања за безбедносните системи“, изјави Тобијас Елвуд, претседател на Комитетот за одбрана на Долниот дом, како реакција на делувањето на руските хакери

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.