„Воен објект“ навлезе во воздушниот простор на Полска за време на руски напад врз Украина, јавува Скај њуз.

Ова се случи во текот на најголемиот руски напад врз Украина во последниве неколку недели, при што Москва цели на енергетската инфраструктура во три региони.

Полската државна новинска агенција, ПАП, извести дека 100 војници почнале потрага по предметот.

Портпаролот на оперативната команда на полската армија, Јацек Горишевски, изјави дека најверојатно станува збор за дрон и дека можеби слетал на полска територија. Тој објасни дека потрагата е во тек, исклучувајќи можност објектот да е ракета.

Објектот го бараат 100 војници на теренот и еден хеликоптер, изјави тој.

Горишевски додаде дека не може да се каже дали објектот е руски или украински, бидејќи временските услови не дозволиле визуелна идентификација.

Објектот влегол во полскиот воздушен простор во 4:43 часот по Гринич и радарите го изгубиле од вид во 5:16 часот.

Поради временските услови не беше можно јасно да се идентификува, што го спречи несувањето одлука за негово соборување“, објави оперативната команда на платформата Икс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.