На членовите на долниот дом на Парламентот во Москва им бил претставен предлог-закон, чии одредби забрануваат посвојување руски деца од граѓани на непријателски земји.
Испраќањето на нашите деца да се воспитуваат во непријателски земји е удар за иднината на нацијата“, се наведува во предлог-законот, пренесува Ројтерс.
По воведувањето на санкциите против Москва поради рускиот напад на Украина, на листата на „непријателски земји“ се Соединетите Американски Држави, Велика Британија, сите членки на Европската унија, Јапонија и Јужна Кореја.
Предлог-законот предвидува можност за укинување на забраната доколку одредена земја престане со „непријателските акции“ против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.