Дмитриј Ковтун, еден од двајцата Руси кои Британија ги обвини за труење на критичарот на Кремљ, Александар Литвиненко во Лондон, почина од корона.

Тој починал во московска болница, јавија медиумите.

Литвиненко почина неколку недели по пиењето зелен чај со радиоактивен поломиун-210 во лондонскиот хотел „Милениум“, каде се состанал со Ковтун и уште еден од осомничените, Андреј Лугов.

Британските истражители најдоа трагови од плутониум на места во Лондон каде се наоѓале двајцата мажи, меѓу кои канцеларии, хотели, авиони и фудбалскиот стадион на „Арсенал“. Тие негираа дека го труеле, а Русија одби да ги испорача за судењето.

Литвиненко, британски државјанин, беше поранешен офицер на КГБ кој стана отворен противник на рускиот претседател Владимир Путин.

Пред смртта го обвини Путин дека го нарачал неговото убиство, но Кремљ секогаш го негираше неговото вмешување.

Судијата во британската истрага за овој случај во 2016 година заклучи дека убиството е спроведено во операција на шпионската агенција ФСБ, која веројатно била одобрена од тогашниот директор на ФСБ Николај Патрушев и самиот Путин.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.