Европската федерација на академии на науки АЛЛЕА, која обединува 58 академии од 42 европски земји, одлучи да ги суспендира Руската академија на науките и Белоруската Национална академија на науките од нејзиното членство.

Во одлуката, АЛЛЕА ја нагласува посветеноста на европските академии за академската слобода и човековите права и се надева дека напорите за одбрана на демократијата и владеењето на правото на крајот ќе надвладеат.

Во одлуката се наведува дека Комитетот АЛЛЕА, свесен за својата должност да ги почитува основните вредности и да даде практичен израз на моралната одвратност на академската заедница, одлучил да „донесе итна мерка, во согласност со меѓународните санкции против институциите во двете земји“.

Се истакнува дека Комитетот АЛЛЕА е свесен дека овој чекор може да има ненамерно влијание врз поединечни научници и меѓународната научна соработка, но заклучува дека способноста на овие академии да дејствуваат автономно и независно од нивните влади е доведена во прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.