Руските медиуми објавија снимки на кои, како што наведоа, двајца Американци се заробени во Украина. RT објави кратка видео снимка од разговор со маж кого го идентификуваа како Александар Друек.

Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, ве сакам, вели Друек на снимката.

Друг руски дописник објавил две снимки од двајца заробени Американци, 39-годишниот Александар Друек и 27-годишниот Енди Хујн.

Двајцата американски воени ветерани исчезнале минатата недела во Харков кога биле под руски оган.

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е свесен за ситуацијата, но не знае каде се двајцата Американци.

Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.