Русија денеска изврши напади врз критичната инфраструктура во регионот на главниот град на Украина и започна ракетни напади врз јужниот град Миколаев, еден ден откако Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја одобри резолуцијата со која анексијата на украинската територија од Москва се оценува како „незаконска“, а сојузниците на Украина најавија поголема воена помош.

Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, рече дека нападите биле извршени од беспилотни летала од Иран. Кирило Тимошенко, заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, рече дека беспилотните летала погодиле критични инфраструктурни објекти. Во Миколаев, гранатирањето во текот на ноќта уништи една станбена зграда додека борбите продолжија долж јужниот фронт на Украина. Засега не е јасно дали има жртви. Миколаив, центар за бродоградба и пристаниште на реката Јужен Буг во близина на Црното Море, претрпе тешки руски бомбардирања во текот на војната. Руско гранатирање го погоди и јужниот град Никопол, во областа Дњепропетровск, објави шефот на регионалната администрација Валентин Резниченко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.