Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг.

„Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот.

Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина.

Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.