Русија утрово лансираше нов масивен ракетен напад на Украина, при што се регистрирани 60-ина проектили во воздушниот простор на земјата, објави Антон Герашченко, советникот на министерството за внатрешни работи. Во најголемиот дел од земјата се огласија сирени за воздушна тревога.
Локалните власти на Харкив кажаа дека во нивната област се слушнале експлозии и дека е погодена клучна инфраструктура, по што снемало струја. Вакви вести доаѓаат и од регионот на Одеса.
Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, извести за експлозии во североисточната населба Десна, каде што е сместен важен енергетски објект, но нема информации дали е погоден. Цел биле и други делови од главниот град.
Првиот човек на Полтава, Олександр Мамај, изјави дека регионот останал без струја, додека во градот Криви Рих е погодена станбена зграда, при што се стравува дека би можело да има жртви, кажа заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Тимошенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.