Договорот за извоз на украинско жито престанува да важи и Русија нема да го обнови, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Денеска престануваат да важат црноморските договори. Дел од договорот кој се однесува на Русија, за жал, досега не е спроведен. Затоа, Русија се повлекува од договорот“, објасни Песков.
Тој истакна дека Русија веднаш „ќе се врати на спроведување на договорот“, штом бидат исполнети условите на Москва.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова рече дека официјална Москва ги известила Турција, Украина и Обединетите Нации за својот приговор на продолжување на договорот за извоз на жито.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата сабота во разговор со неговиот јужноафрикански колега, Сирил Рамафоза рече дека не се исполнети обврските за отстранување за извоз на руска храна и ѓубриво.
Црноморската иницијатива, која на 22 јули во 2022 година ја потпишаа претставници на Русија, на Турција, на Украина и на Обединетите Нации, вклучуваше извоз на жито, храна и ѓубриво преку Црното Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.