Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не се заканувал со нуклеарна бомба, за разлика од Западот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес-конференција.
Запрашан дали ситуацијата во светот се движи кон истата ситуација како за време на кубанската криза, Лавров рече дека за тоа многу се зборува во различни ток-шоу програми и политички собири.
Рускиот министер потсети на изјавите на некои поранешни високи американски воени функционери, вклучително и командантот на американските сили во Европа, Бен Хоџис, за тоа како на Крим треба да биде уништена секоја можност таму да постои руска флота.
Би било интересно да се погледне во главите на тие луѓе. Баш би сакал да видам дали се провокатори или мислат дека ќе ни ги ‘стресат’ колената? И никој не ги опоменува. Сите само велат дека Путин се заканува со нуклеарна бомба, иако тоа никогаш не било изговорено, за разлика од Европејците и Американците, рече Лавров.
Министерот додаде дека Русија не треба да биде заплашувана и дека многу луѓе го знаат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.