Русија нареди евакуација на 18 населени места во Запорожје. Со мерката се опфатени 1.680 граѓани, меѓу кои и 660 деца, од подрачјето околу нуклеарната централа во правец на Бердјанск, во пресрет на најавената контраофанзива на украинските сили. Таквиот потег на Москва предизвика паника меѓу населението во Украина и страв од нуклеарна катастрофа, обвини портпаролот на вооружените сили на Украина.
Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси изјави дека евакуацијата на население во близина на првата линија на фронот во јужна Украина укажува на можност на тешки борби меѓу руските и украинските сили околу електраната. Тој додаде дека морал да минува низ мински полиња при посетата на електраната пред неколку недели.
„Иако нејзините реактори не произведуваат струја, и натаму се полни со нуклеарен материјал. Мора да дејствуваме за да спречиме закана од сериозна катастрофа и последиците кои ќе следуваат по луѓето и околината“, изјави Гроси, директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија.
Експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија предупредија дека со поставување на оружје, Русија ризикува објектот да биде погоден од украинската артилерија и да предизвика нуклеарен колапс.
Во врска со најновите руски напади во Украина, Ковалев изјави воздушната одбрана ноќеска соборила 35 беспилотни летала. Според него, московските сили изведоа 16 ракетни напади, 61 воздушен напад и 52 гранатирања во изминатите 24 часа, пришто нагласи оти има пријави за повредени и загинати цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.