Прославата на Денот на победата на 9 мај ќе биде организирана како и досега, имајќи предвид дека тоа е свет празник за нашата земја, а составот на учесниците на парадата на Црвениот плоштад ќе го одреди руското Министерство за одбрана, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Празнувањето ќе го организираме како и досега. Тоа е најсветиот празник во нашата земја, тој беше и ќе биде свет празник за сите, истакна Песков, одговарајќи на прашања на новинарите на брифингот.
На прашањето дали војниците од самопрогласените „Народна република Доњецк“ и „Народна република Луганск“ и „новата руска армија од фронтот“ ќе учествуваат на парадата, тој одговори дека Кремљ не го знае составот на парадата на Црвениот плоштад, а списокот ќе го утврди Министерството за одбрана, кое навремено ќе обезбеди информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.