Русија, Кина и Иран ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив од 15 до 19 март, соопшти кинеското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

„Во согласност со договорите меѓу вооружените сили на Русија, Кина, Иран и други земји, поморските сили на Кина, Иран, Русија и други земји ќе одржат заеднички поморски вежби „Поморски безбедносен појас-2023“ во Оманскиот залив од 15 до 19 март“, се наведува во пораката објавена на официјалната сметка на министерството на социјалната мрежа Вичет.

На крајот на февруари во Индискиот Океан се одржаа заеднички поморски маневри на Русија, Кина и Јужна Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.