Едно лице загина, а осум се повредени на новогодишната ноќ во Одеса во напад на руски дрон, јави БТА.

Нападот, кој дојде од морето, предизвика пожари во два повеќекатни станбени блока во 1 часот по полноќ.

Украинската војска соопшти дека цел на нападот била пристанишната инфраструктура и дека избувнал пожар во еден од пристанишните терминали.

„Јасен приоритет на непријателот останува пристанишната инфраструктура на Одеса. Голем број беспилотни летала беа насочени од морето кон крајбрежната зона“, соопшти јужната воена команда на Украина.

Според прелиминарните информации од апликациите од Одеса во „Телеграм“, погодени се 5 цивилни објекти.

– Главниот резултат на годината, неговото главно достигнување: Украина стана посилна – рече Зеленски во телевизиското обраќање и вети дека земјата ќе произведува повеќе сопствено оружје.

Спомнувајќи „војна“ 14 пати во својата 20-минутна порака, Зеленски исто така вети, исто како и пред една година, дека слободна Украина ќе надвладее.

– Без разлика колку ракети ќе истрела непријателот, без разлика колку гранатирања и напади – гнасни, безмилосни, масивни – непријателот ќе изврши во обид да ги скрши Украинците, да ја заплаши, да ја сруши Украина, да ја истера под земја, ние сепак ќе се кренеме – рече тој.

За новата 2024 година, Владимир Путин во костум и црвена вратоврска порача:

„Повеќе од еднаш докажавме дека можеме да ги решиме најтешките проблеми и никогаш нема да се повлечеме, затоа што нема сила што може да нé раздели“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.