Русија денеска соопшти дека испораките на американски ракетни системи Патриот за Украина, објавени за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, нема да помогнат во решавањето на конфликтот или да ја спречат Русија да ги постигне своите цели.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема знаци на подготвеност за мировни преговори што докажува дека САД водат прокси војна со Русија „до последниот Украинец“.

Зеленски вчера пред американскиот Конгрес изјави дека помошта за неговата земја е инвестиција во демократијата, додека тој се повика на битките против нацистите во Втората светска војна за да изврши притисок за поголема помош во војната против Русија.

Соединетите Американски Држави најавија уште една воена помош од 1,85 милијарди долари за Украина, вклучително и системот за воздушна одбрана „Патриот“ за да ѝ помогне да ги одбегне баражите од руски ракети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.