Израел соопшти дека во напад со дрон е погодена резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не се наоѓал во објектот во моментот на нападот и нема други повредени лица, изјави портпарол на израелската влада. Резиденцијата се наоѓа во градот Кесарија, на северот од Израел.

Претходно, израелската армија соопшти дека дрон, кој бил лансиран од Либан, погодил објект, а други два дрона биле пресретнати на израелска територија.

Во септември гопдинава, јеменските Хути-бунтовници лансираа балистичка ракета во насока на аеродромот Бен Гурион додека слетуваше авионот на Нетанјаху. Ракетата беше пресретната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.