Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во неговото редовно видео обраќање изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот Донбас е тешка и болна, и оти бара целосна сила и концентрација на државата.

„Пред сѐ, работите на фронтот. Бахмут, Кремин и другите области во Донбас бараат максимални сили и концентрација“, рече Зеленски.

Според неговите зборови, ситуацијата во овој регион е тешка и болна.

„Окупаторите ги распоредуваат сите ресурси кои им се на располагање, а тоа се златни ресурси, за да напредуваат“, нагласи тој.

Украинскиот претседател рече дека недостиг на еклектрична енергија и натаму постои, и дека речиси 9 милиони луѓе и натаму се без стуја.

Зеленски соопшти оти сите работници кои ја поправаат мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблеми и натаму постојат.

„Секако, недостаток на струја и натаму има. Рестрикциите продолжуваат“, рече Зеленски. „Ситуацијата вечерва во различни региони во Украина е таква што речиси 9 милиони луѓе се без електрична енергија. Но, бројот и должината на рестрикциите постепено се намалуваат“, нагласи тој.

Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко, пак изјави дека очекува голем напад со ракети и крстосувачки ракети на новогодишната ноќ.

„Русите не се откажаа од нападите врз нашата енергетска мрежа“, рече тој на украинската телевизија. „И бидејќи тие се ориентираат на конкретни датуми, Новата година најверојатно ќе биде еден од тие датуми кога ќе се обидат да ја оштетат нашата енергетска мрежа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.