Бројот на луѓето настрадани во поплавите по уништувањето на браната Каховка на левиот брег на реката Днепар во Украина се искачи на 16, соопштија украинските власти. Во меѓувреме, руските власти соопштија дека 29 лица загинале како последица на поплавите на територијата на десниот брег на реката Днепар контролирана од официјална Москва, пренесува Ројтерс.
Во бранот поплави по уривањето на браната Каховка, уништено е обработливото земјиште и прекинато е снабдувањето на цивилното население, а повеќе од 3.600 луѓе се евакуирани од областите Херсон и Миколаев, додека 31 лице сѐ уште се водат како исчезнати.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната Каховка, изградена за време на Советскиот Сојуз на акумулационо езеро со големина на Големото Солено Езеро во САД.
Со уривањето на браната Каховка, полуостровот Крим, кој е под контрола на Москва, остана без главниот извор на вода за пиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.