Снежна бура веќе три дена беснее во САД. Најмалку 30 лица починаа како последица на екстремните временски услови.

Најголем дел од нив загинале во сообраќајни незгоди. Американските медиуми јавуваат дека бројот на починати е многу поголем. Телевизијата ЕнБиСи известува за 41 жртва, додека ЕјБиСи за најмалку 39. Проценката на спасувачките сили и властите исто така е дека бројот на жртви ќе расте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.