Украинскиот војник, Александар Борш, кој бил повреден за време на борбите кај Харков, но успеал да преживее со помош на руската армија. Тој бил спасен од руски војници, кои го пронашле во шумскиот појас, му пружиле лекарска помош и го транспортирале во Русија, каде што веќе е опериран.

Ова момче од Киев, за руските медиуми, дава интервју за своето мислење за армијата на вооружените сили на Руската Федерација.

Руските војници се нормални момци, исто како и ние. Не се некакви страшила како што ни ги претставуваат – вели заробеникот, пренесува РИА Новости.

Тој, вели и дека на многумина од украинската армија не добиле обука како да ги користат западните ракетни фрлачи „NLAW“.

Заробеникот вели дека само припадниците на националистички баталјони ги малтретираат заробените руски војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.