Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е сигурен оти Западот намерно поттикнува хаос и ја влошува ситуацијата во светот за да ја задржи својата глобална доминација.
Потенцијалот за можни конфликти во светот расте, а тоа е директна последица на обидите на некои западни елити да ја зачуваат својата политичка, економска, финансиска, воена и идеолошка доминација по секоја цена“, рече Путин во видео обраќањето за време на средба со шефовите на воените одделенија на земјите членки на Шангај Организација за соработка (ШСО) и Заедницата на независни држави (ЗНД), пренесува ТАСС.
Путин, исто така, го обвини Западот дека ја искористува Украина и го користи нејзиниот народ како топовско месо во конфликтот против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.