Руските власти поднесоа обвиненија за корупција против еден од нејзините најбогати граѓани, Андреј Мелниченко, барајќи да заплени и национализира една од компаниите во империјата за метал и рударство на милијардерот олигарх.

Тие тврдат дека при купувањето на компанијата се случиле коруптивни криминални дејствија, наведува Форбс.

Обвинувањата доаѓаат во време на кампањата на Кремљ да ги натера богатите Руси да го донесат своето богатство и бизниси дома, зголемувајќи го притисокот врз бизнисмените како Мелниченко, чии бизниси сега се главно со седиште во Обединетите Арапски Емирати, каде што тој исто така ја испрати својата суперјахта вредна 300 милиони долари.

Сопруга на Андреј е Ана Мељниченко, поранешна членка на групата „Моделс“ и една о најзгодните Србинки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.