По средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин, шефот на руската држава очигледно планира да ја посети Северна Кореја, пишува Дојче веле.
Државните севернокорејски медиуми едногласно јавија дека Путин ја прифатил поканата од Ким за посета на неговата земја. Државната новинска агенција КНЦА објави дека Путин „со задоволство“ ја прифатил понудата за возвратна посета и ја потврдил својата волја „да ја зајакне историјата и традицијата на пријателството меѓу двете земји“.
Според агенцијата состанокот на територијата на Северна Кореја треба да се одржи „во соодветно време“. Можната идна средба меѓу шефовите на двете држави во Северна Кореја сѐ уште не е потврдена од руската страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.