Рускиот претседател Владимир Путин на состанок со верските водачи од различни религии во земјата предупредил на можна поширока ескалација на кризата на Блискиот Исток доколку не се запре крвопролевањето и насилството, пренесуваат светските агенции.

Нашата задача денес, нашата главна задача е да го запреме крвопролевањето и насилството. Во спротивно, натамошната ескалација на кризата се заканува со тешки и крајно опасни и деструктивни последици. И тоа не само за регионот на Блискиот Исток. Таа може да се прелее многу подалеку од границите на Блискиот Исток“,

рекол Путин, според транскриптот од неговото обраќање објавен на веб-страницата на руското претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.