Претседателот на Русија, Владимир Путин одржа говор на изложбата на оружје во близина на Москва и се пофали со напредното руско оружје.

Тој во говорот потенцира дека Русија ги цени своите врски со земјите од Јужна Америка, Азија и Африка и оти е подготвена да им понуди модерно оружје на своите сојузници.

– Подготвени сме на нашите сојузници да им понудиме најсовремени видови оружје, од мало оружје до оклопни возила и артилерија до борбена авијација и беспилотни летала. Речиси сите од нив се многупати користени во вистински воени операции, посочи Путин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.