Посетата се случува во момент откако групата нафтени произведувачи ОПЕК+, чии членки се овие три држави, договорија минатиот четврток сериозно намалување на производството од вкупно околу 2,2 милиони барели дневно.
Пазарите на договорот реагираа со скепса поради сомнежот во тоа дали доброволните намалувања ќе бидат целосно спроведени.
Цените на нафтата минатата недела, по соопштението, паднаа за два отсто и продолжија да паѓаат вчера. Брент сировата нафта падна за речиси 0,6 отсто.
Цифрата од 2,2 милиони барели дневно вклучува и продолжување на постоечките саудиски и руски доброволни намалувања од 1,3 милиони барели дневно.
Ушаков, како што пренесува Шот, кажал дека Путин прво ќе замине во Обединетите Арапски Емирати а потоа во Саудиска Арабија, каде ќе преговара главно со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.
„Се надевам дека ова ќе бидат корисни преговори, кои ги сметаме за исклучително важни“, кажал Ушаков.
Путин во последните години ретко патува во странство, а кога оди тоа се главно поранешни советски републики. Неговото последно подалечно патување беше во октомври во Кина.
Освен соработката во рамки на групата ОПЕК+, Путин сака да ги развива односите со заливските држави како дел од иницијативата за изградба на глобални сојузи со земјите надвор од Западот, за да го покаже неуспехот на САД и нивните сојузници во изолацијата на Русија.
Размерите на патувањата на Путин надвор од земјата беа ограничени во март, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење поради наводната депортација на украински деца во Русија, како осомничен за воени злосторства. Русија го отфрли обвинението и го нарече потегот скандалозен, но истовремено порача дека е правно неважечки бидејќи Русија не е членка на МКС.
Ни Саудиска Арабија ни Обединетите Арапски Емирати не се членки на западниот суд, па Путин може слободно да патува во двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.