Едно лице загина, а друго е повредено во пукање во фабрика на „Мерцедес Бенц“ во јужна Германија.
Спасувачите се на местото на настанот во фабриката која ја склопува S класата.
Според извештаите на германските весници кои се повикуваат на полицијата, осомничениот бил приведен по пукањето во фабриката.
Мотивот за пукањето останува нејасен, пишуваат германските медиуми.
Полицијата претходно на Твитер потврди дека во тек е операција во фабриката, но не спомна жртви.
Од „Мерцедес“ потврдија дека имало инцидент во фабриката и дека се во контакт со надлежните, без да дадат посебни детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.