Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300 во битката со руските напади од воздух би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави Њујорк Тајмс, а противвоздушната одбрана што ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај, пренесува 360 степени.

Додека американските власти се обидуваат да го откријат изворот на протекување на доверливите документи, дел од нив кои датираат од февруари оваа година сугерираат дека украинската противвоздушна обрана може да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели, пишуваат Гардијан и Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.